Овче Поле, Република Македонија

Најстари познати жители во Овчеполската Котлина секако се Пеонците. Во првото илјадолетие пред нашата ера со Пеонци било населено целото подрачје помеѓу реките Аксиј (Вардар) и Стримон (Струма). Во постаро време пеонските населби допирале до Егејско Море, но подоцна со експанзијата на античките Македонци, особено во времето на македонските кралеви Филип Втори и неговиот син Александар Македонски (4 век пред нашата ера), кога македонската држава се проширила на север, јужната граница на Пеонија се наоѓала кај Демир Капија. Во 217 година пред нашата ера, од политички и безбедносни причини Македонскиот крал Филип Петти (220-179) за да ја обезбеди северната граница на Македонија од нападите на Дарданците, ја освоил Билазора (BylaZora), најголемиот пеонски град според Полибиј. Со завземањето и обезбедувањето на Билазора, Филип Петти се обезбедил од нападите на агресивните и воинствени Дарданци, што значи дека Пеонија целосно паднала во рацете на Македонија. Филип Петти Пеонија ја претворил во протекторат на Македонија, на чело со посебен стратег (генерал). Стратег бил Дида – Пеонец по потекло, кој подоцна во 181 година пред нашата ера бил замешан во убиството на Филиповиот син Димитриј. Бидејќи Овчеполската област била најсеверниот дел на македонската држава и непосредно се наоѓала на границата со Дарданија, најверојатно седиштето на стратегот било во Овче Поле (Пробата). Од 217 година пред нашата ера, Пеонија се поистоветува со Македонија.

За Пеонците малку се знае. Некои ги сметаат за Илирско – Тракиска мешавина. Некои ги издвојуваат од Илирите и Тракијците. Некои претпоставуваат дека имаат грчка припадност. Најблиску до вистината е тврдењето на М.Будимир дека Пеонците припаѓаат на Пеонско – Македонската група, која е пелазгиско – индоевропска (izvor). Познати се повеќе пеонски племиња кои ги споменуваат античките автори: Херодот, Тукидит, Страбон и други. Во изворите можат да се најдат: Агријани, Дерони, Иори, Сиропеонци, Лајаи, Пајопли, Добери, Астраи. Најверојатно Овчеполската Котлина била населена со племето Астраи.

Во 168 година пред нашата ера Македонија конечно паѓа под римска власт и е претворена во римска провинција. Со поделбата на Македонија на четири мериди – области (републики) во 167 Пеонија исчезнува не само како политичка заедница, туку и како етнички и географски поим. Натамошната судбина таа ја споделува со Македонија, во чии рамки егзистира до крајот на антиката.

Л.С.

Kanda

Advertisements

One response to “Овче Поле, Република Македонија

Leave a Reply?

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s