Кнежје 14-19 век

Во 1392 година Овче Поле заедно со населбите во него паднале под турска власт. Во споменатата година било срушено утврдувањето во селото Кнежје, како што велат селаните, со топовски ѓулиња било гаѓано од месноста Дивљак. Во истата година била запалена црквата Свети Никола. Тогаш биле срушени и црквите Свети Спас, Свети Илија и Свети Трифун, изградени пред црквата Свети Никола. Денес во месноста каде се наоѓале црквите има камени крстови и селаните се собираат на овие места на соодветните верски празници.

По воспоставувањето на турската власт во Овчеполската Котлина, селото Кнежје административно му припаѓало на Ќустендилскиот санџак, а влегувало во Штипската нахија. Селото било колонизирано од Турците во втората половина на 16 век. Во пописниот Tapu defter на Ќустендилскиот санџак од 1570 година селото Кнежје е заведено како Кнежица. Понатаму во пописниот лист се вели дека неговиот синот е мешан со околните села. Селаните даваат ушур како обична раја. Според пописот во селото живееле 77 македонски (христијански) семејства и 4 турски (муслимански) семејства и броело околу 400 жители.

Кнежје

Со дозвола на турската власт во првата половина на 16 век црквата Свети Никола била обновена, за да биде повторно запалена во 1690 година. Во оваа година, по Австро-турската војна (1683-1689) по повлекувањето на австриската војска, покрај црквата настрадало и селото од турски башибозук. Црквата била повторно обновена во почетокот на 19 век. Над црквата, во месноста гробишта се наоѓаат гробиштата на селата од неговото основање.

Advertisements

Leave a Reply?

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s