Свети Николе сакаше да го тужи НАТО?

Од што е ‘озрачено’ Свети Николе?

gas mask skull

Во отсуство на подетални истражувања, институциите и невладиниот сектор засега го бележат само бројот на болни и починати. Додека граѓанските организации прашуваа кога државата ќе почне да се занимава со причините за зголемениот број на заболени од рак, како и за еколошкото загадување, од институциите повикуваа граѓаните да водат здрав живот.

Го посетивме Свети Николе, каде водата од градскиот водовод се посочуваше како причина за појава на рак. (2011)

Во 2010-та имало 68 заболени. Лани се регистрирани 98 болни. Организацијата на жени, која прва алармираше за проблемот со оваа болест со години бара државата да ги утврди причините.

„Како невладина организација разговаравме со многу странски донатори, поставуваа прашање зошто е таква состојбата и зошто не се направат истражувања. И кога од нив побаравме да помогнат, ние како организација да покренеме, да направиме некое истражување, барем на водата, на воздухот или на почвата, секогаш ни одговараа дека тоа се работи што треба да ги прави државата“, вели претседателката Вера Златева.

Испитувањата исчезнуваат?

До Министерството за животна средина и просторно планирање испратиле барање уште во 2006 година, но никогаш не добиле одговор. Актуелниот државен секретар во министерството Соња Лепиткова вели дека таквите испитувања се обемни, со учество на различни државни институции.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ја работи педолошката карта, каде ќе се види составот на почвата. Работена е студијата за т.н. “ружа на ветрови” во функција на изградбата на новиот аеродром во Овче Поле. Тогашниот рударски, а сега Факултет за природни и технички науки од Штип пред повеќе години изготвил студијата за присуството на азбест во близина на Свети Николе. На факултетот, тие испитувања ги нема во архива.

Во Институтот за јавно здравје каде би требало да ги има збирните резултати, за Диверзити медија соопштија два податока – бројот на заболени од рак за 2007 и дека водата од стариот водовод содржела поголеми количини на алуминиум, поради што била забранета за пиење. Во отсуство на анализи кои што би покажале дали навистина фактори од средината се предизвикувачи на рак, во Свети Николе има три најчести објаснувања – водата од стариот водовод,  напуштениот рудник за азбест и наводно паднатата бомба од авион на НАТО близу акумулацијата Мавровица.

gas maski

Свети Николе сакаше да го тужи НАТО?

Поранешниот градоначалник Јордан Ѓорчев кажува дека сомневањата биле толку големи, што општината подготвила тужба за Алијансата.

„Недвосмислено е утврдено дека тие навистина имаат фрлено одредена материја во браната. А, второ таму, непосредно во близината има паднато бомба испукана од авион на НАТО, кој бил погоден и принудно ја испукал бомбата. И тоа на околу 500 метри од браната Мавровица. Поради тие причини и поради вознемирувањето на населението ние баравме да го тужиме НАТО, објаснува Ѓорчев и додава:

“Тогаш се дигна буна, во смисла дека е политички дегутантно, па во тоа време и од нашата коалиција сметаа дека ќе предизвика непријателско расположение, за што денеска жалам што не ги тужевме. Дури сега сфаќам дека би било тоа граѓанска тужба, а не како тогаш што доби политичка димензија “.

Пратеникот Васко Пашовски одговори на прашањето дали во име на своите избирачи ќе бара анализа на еколошките фактори.

„Навистина се потребни огромни анализи, огромни испитувања, што би го докажале сето ова. Имаме уште една река во нашето сливно подрачје што доаѓа од кратовско која содржи поголеми количини на алуминиум и алуминиумски сулфати. Водите влегуваат во акумулацијата Мавровица, чија вода порано се користеше за пиење и токму од тие причини таа беше стопирана и забранета за употреба. Сепак, тоа се многу големи анализи и искрено, не верувам дека би било испитано и докажано, а треба и подолг временски период„.

gas maska

Радиологот Марионка Дејановска од велешката болница, вели дека доколку заболувањата се под влијание на средиата, вообичаено неколку  години подоцна се манифестираат промените кај човекот.

„Пример од изложување на јонизирачко зрачење, како еден од канцер факторите -леукемијата,  се јавува во  првите десет години од изложувањето, а првите дваесет години се појавуваат канцер – заболувањата. Тоа се слични параметри, значи треба време, па да се измени клетката и да се трансформира во малигна“, посочува Дејановска.

Измени на закони, засадени дрвца и спортски сали против ракот?!

Превземено од diversitymedia.mk

Advertisements

Leave a Reply?

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Change )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Change )

Connecting to %s