Ѓуришки манастир (1933 година)

Manastirite vo Makedonija 1933 (1)

Света Богородица – Ѓуришки манастир

Манастирот се наоѓа јужно од селото Крушица, со 40 куќи, на едно возвишение во месноста Ѓуриште, која граничи со Велешко, Кумановско и Штипско. Црквата е нова, изградена во 1880 година, куполна и со живопис. Има доволно згради, а исто така и имоти. Во близина е селото Сушица со 100 куќи, поради кое што и манастирот се споменува и како Сушички. Во месец септември 1912 година една турска чета од блиското турско село Иванковци го напаѓа манастирот и ги заробува игуменот Исидор, мајка му, луѓето кои се грижеле за животните, кметот од село Крушица и уште еден човек, ги врзуваат и ги убиваат внатре во црквата. Причина за свирепите убиства биле сомнежите дека во манастирот се криеле комитски чети, за што говорат и честите напади врз аскерот во овој крај. Манастирот е надалеку прочуен по своето богатство. 

Sveta Bogorodica Gjuriste 1933

извор:

Manastirite vo Makedonija 1933 (3)

Advertisements