Писмо од Павлешенци (4 мај 1879)

На крајот на 18от и почетокот на 19от век во овој крај се појавиле тешки епидемии на чума. Во 1874 година се појавила голема суша и глад. Се појавувала и колера…

Во Павлешенци е обновена селската црква и купена камбана од леарницата во Прилеп. Грижата за компактност на селаните се гледа и од еден документ каде што се јавува желба за воведување народен јазик во училиштата и црквата. Еве еден запис од 4 мај 1879 година, кога повидните павлешенчани бараат скопскиот митрополит да им ракоположи за свештеник лице кое тие го предлагаат:

Преосвештенаја владико, поклонаемо ти сја,…бидејќи нашето село има 80 куќи, имамо и црква и школа у селото, а свештеник ни беше папа Арсо од К’шање, не е могол да доходи у село наше на време, бидејќи му е селото скраја, и не е могол да ни служи у празник света служба, и правилно да ни чати, а сега најдохмо едно момче од село Кокошиње именом Михаил Ѓорѓев(иќ) и ќе стане со фамилија и ќе дојде у село Павлешенци. И по тие причини припадамо свештеној Митрополији и замољавамо: ако е достоен да га рукоположите за свештеник и остаемо Ваши покорни раби”.

1879, маја 4, Павлешенци

Миладин Паунов(иќ)

Младен Филипов(иќ)

Мицо Славков

Миленко Христов

Во ова писмо се гледа народниот стремеж за културна слобода. Така било до 1912 година, кога во селото постоело училиште, а учителите ги избирале од редот на месните жители.

извор: Драган Стојчевски – Павлешенци (1986)

nekolku knigi

Advertisements