БогоСловец, Овче Поле (галерија)

This slideshow requires JavaScript.

“Локалитетот Ѓаволски Ѕид се наоѓа на 2 km јужно-југо­источно од врвот на Богословец и околу 250 m северно од реката Бре­гал­ница, односно на нејзината десна долинска страна, на надморска височина од околу 250 m. Месноста каде се наоѓа појавата Ѓаволски Ѕид е релативно слабо пристапна. Со теренско возило по­до­б­ра пристапност е можна од два правци. Едниот е преку мака­дам­скиот пат што води од железничка станица Овче Поле до с. Богословец, во должина од 5.5 km. Потоа по патека пеш се оди помеѓу Св. Јовански Рид (775 m) од десната (северна) и Тиски Врв (747 m) од левата (јужна) страна, во југозападен правец во должина од 5 km. Овој пат е потежок за поминување, особено последните неколку стотици метри. Втор начин како да се дојде до месноста е преку макадамскиот пат кој тргнува близу железничката станица Овче Поле, поминува покрај с. Делисинци и раселеното село Аџибегово и води покрај Светиниколска Река. По должина т.е. поминат пат од 7 km и околу 1 km пред вливот во Брегалница, се тргнува кон исток по слабо проодни патеки и по околу 2.5 km се стигнува до Ѓаволски Ѕид.”

Ѓаволски Ѕид мапа др Ивица Милевски

:Mystic Macedonia: video

Advertisements