Народен Музеј – Свети Николе (галерија)

Општинската  Установа Народен Музеј од Свети Николе, егзистира од 1981 година како музејско катче во Домот на културата ‘Крсте Петков Мисирков’. До 1993 Музејската збирка располагаше со многу мал фонд на предмети. Од 1994 година Музејската збирка се трансформира во “Народен Музеј“. Од 2002 година до денес Музејот е лоциран во поранешната Општина, која со реставрација и реконструкција на зградата, е адаптирана во Музеј. Во 2005 „Народен Музеј“ преминува во Општинска Установа „Народен Музеј“ Свети Николе.

Денес „ Народен Музеј“ Свети Николе има постојана етнолошка и археолошка поставка. Има 450 евидентирани и околу 300 позајмени етнолошки предмети. Околу 500 археолошки предмети и околу 150 историски предмети. Музејот е сместен во објект споменик на културата заштитен со закон кој датира од 1924 година и се наоѓа во центарот на градот. Музејот има приземје, кат и поткровје.

Работното време за посетителите на Музејот е од Понеделник до Петок од 09:00 до 14:00 часот. Сабота и Недела за организирани групи. Посетата на музејот е бесплатна.

инфо: www.muzejsvnikole.com.mk

Фотографии од Игор Томек

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements