Научно истражување – март 2014 (галерија)

Во март годинава беше извршено архео-акустично и електромагнетно истражување на неколку локации во Овче Поле, Македонија. Беа користени неинвазивни методи, потполно безбедни за локалитетите, природата и луѓето, кои претставуваат прв комплексен истражувачки проект од овој вид во Македонија. Беа повикани сите заинтересирани на лице место да се запознаат со научниците, методите на работа и опремата која што ќе се користи. Немаше никакви рестрикции за присуство, освен тоа што посетителите треба да ги исклучат мобилните телефони и секоја друга електронска опрема со нив. Истражувањата се извршија на следните локации:

18.03.2014 – Геоглифот во Овче Поле

19.03.2014 – Бела Зора, Кнежје

20.03.2014 – Мегалитскиот Ѕид позади Богословец (кај народот познат како “Ѓаволски ѕид”)

Работите се изведуваа под раководство на стручниот раководител за археолошки истражувања проф. д-р Драги Митревски. Неговиот стручен тим е составен од вработените во Градскиот Музеј во Свети Николе – Александар Арсов, историчар, м-р Владимир Атанасов, археолог и Александар Нацев, археолог. Интернационалниот експертски тим дојде со опрема од доо “Demiurg” од Загреб. Тимот го сочинуваат: д-р Слободан Миздрак, м-р Домагој Николиќ, д-р Паоло Дебертолис, д-р Велимир Абрамовиќ, д-р Аристотел Тентов, д-р Златан Аличевиќ, Хеики Саволаинен, Игор Томек и Никола Ристевски.

Интернационалниот тим претходно има вршено истражувања во Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Србија, Италија, Велика Британија, Египет, Судан, Иран, Малта и на други локации.

Во зависност од собраните податоци, резултатите од анализите ќе бидат објавени во следните неколку месеци. Сите досегашни истражувања се од јавен карактер и податоците секогаш се даваат на употреба, увид, анализа и верификација на институциите и научниците кои што ќе пројават интерес.

види: Што се случува во Овче Поле?

Фотографии од Игор Томек

This slideshow requires JavaScript.

Advertisements