Христофор Серафимов и Лазар Колишевски

Со колкава доверба можеме да ги толкуваме информациите кои што ни се обезбедени од “официјалната историја”? Постојат пишани извори (кои сеуште не се пре/објавени во Република Македонија) и сведоштва на повозрасни граѓани на градот на Свети Никола, каде може да се дознае за малку поинаква верзија за апсењето, преиначувањето на казната и пуштањето од затвор на еден од најмоќните Светиниколчани во минатиот век.

(претходно – Лазар Колишевски и Христофор Серафимов)

General Mayor Hristofor SerafimovВо 1943 година генералот Серафимов со сопругата Генка го посетил родното место Свети Николе. Неговиот пречек во градот на Свети Никола бил голем настан. Голем дел од граѓаните со музика излегле да го пречекаат. Вториот ден од неговиот престој, бугарската војска која била стационирана во градот, во центарот на Свети Николе одржала парада. Генералот со видни граѓани и претставници на бугарската власт ја следел парадата од балконот на куќата на Павле Гелев. Вечерта Светиниколчани му приредиле банкет во кафеаната на Тодор Цанев. На банкетот, по барање на генералот бил повикан и пеливанот Коле, близок пријател на покојниот му татко Серафим. Меѓу другото, генералот барал од пеливан Коле да раскаже како го убил озлогласениот полјак од овчеполското село Орел – турчинот Кус Демир.

Lazar_KolishevskiСпоред кажувањето на постари Светиниколчани – Коце Анговски, Стефан Андроников, Тасе Панев, Трајчо Јанев (Матица) и други, генералот Христифор Серафимов помогнал за преиначувањето на смртната казна на неговиот сограѓанин Лазар Колишевски – првиот претседател на владата на ФД Македонија. Во ноември 1941 година Колишевски е уапсен од бугарската фашистичка власт и осуден на смрт. Видни граѓани на Свети Николе упатиле петиција до бугарскиот цар Борис Трети за ослободување на Колишевски од пресудата. Петицијата во Бугарија ја однел Никола Кирџијански, брат на Диме Кирџијански. Генерал Серафимов имал голем углед во царскиот двор, па така петицијата со негово посредство била предадена во кабинетот на царот. Резултат на петицијата било преиначувањето на смртната казна на Колишевски во доживотен затвор.

33
Малкумина се тие, кои денес можат да се присетат на него…