Реките во Овче Поле (19 век)

…преку тесната и стрмна “Ѓаволска река”, така наречена затоа што според верувањето на локалните жители тој теснец бил отворен од ѓаволот…

Злетовската река тече во границите на Свети Николското поленце се по полињата на неговата западна погранична височина, каде што го прима Светиниколскиот поток. Малку под Свети Никола таа излегува во сопствено Овче Поле, каде што тече преку северната му половина. Како и целата околина, долината на таа рекичка тука е лишена од дрвја и растенија; еден тесен раб од ливади и ниви од далеку го покажува местото на нејзиното течение. По неа се расположени повеќе Овчеполски села. Долината е ниска, а течението толку бавно, што преку летно време тоа претставува ред од вирови и мочурливи места. При селото Богословец таа ја процепува Богословската планина и излегува во долината на Брегалница, преку тесната и стрмна “Ѓаволска река“, така наречена затоа што според верувањето на локалните жители тој теснец бил отворен од ѓаволот. Овчеполскиот поток се влива во реката Брегалница под селото Рудник на 45 минути растојание од Штип, и и дава скромен обем на вода.

Gjorce Petrov Ѓорче Петров

Ѓорче Петров 1896

извор:

Materiali_po_izuchavaneto_na_Makedonia

преведува Никола Ристевски  

читај:

Ѓорче Петров за Овче Поле

Патиштата низ Овче Поле во 19 век